0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

Де Хеа: Манчестер jунајтед го чинев три бода, лоша игра од моја страна

Вината за убедливиот пораз на Манчестер јунајтед вчера против Брентфорд ја презема голманот Давид Де Хеа.

Манчестер, 14 август 2022 (МИА) – Вината за убедливиот пораз на Манчестер јунајтед вчера против Брентфорд ја презема голманот Давид Де Хеа.

Манчестер Јунајтед загуби од Брентфорд во 2. коло од Премиер лигата (0:4).

– Ја преземам одговорноста. Го чинам мојот тим три бода. Лошо издание од моја страна. По првата грешка, а потоа и втората, на моите соиграчи им беше многу тешко. Сега е тешко секогаш кога ќе примиме гол. Морав да го одбранам првиот удар. Да го направев тоа, резултатот ќе беше поинаков, изјави голманот на Манчестер јунајтед.

Еден од најтрофејните англиски клубови сезоната ја почна со два пораза на две средби и ги разочара своите навивачи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close