Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Дејан Чиплаковски прв пат го извади Чесниот Крст од река Брегалница во Берово

По пауза од една година поради пандемијата во реката Брегалница во Берово положен Чесниот Крст, како дел од одбележувањето на христијанскиот празник Водици. Најмногу среќа меѓу учесниците кои учествуваа во традицијата имаше беровчанецот Дејан Чиплаковски, на кого му беше прв пат да го извади крстот од реката Брегалница.

Берово, 19 јануари 2022 (МИА) – По пауза од една година поради пандемијата во реката Брегалница во Берово положен Чесниот Крст, како дел од одбележувањето на христијанскиот празник Водици. Најмногу среќа меѓу учесниците кои учествуваа во традицијата имаше беровчанецот Дејан Чиплаковски, на кого му беше прв пат да го извади крстот од реката Брегалница.

-Посакувам на сите здравје и среќа и на помош нека ни е празникот. Не беше студено воопшто во светите води, кој сака за здравје нека учествува па верувам дека и следната година повторно ќе учествувам, рече Чиплаковски.

Од беровското свештенство по повод празникот изразија надеж дека догодина пандемијата ќе заврши, со што ќе продолжи  традицијата за овој настан.

-Претходната година знаете дека не можевме да го одржиме овој настан затоа посакувам да се смират сите овие работи, овие тензии и пандемијата и секоја година традиционално да се одржува овој настан, да си ја поддржуваме верата, кажа Отец Илија.

По крстот скокаа околу дваесетина лица, а според верувањето, оној што ќе го фати крстот ќе има среќа и бериќет цела година. Главната награда апарат за домаќинстцо годинава ја обезбеди компанијата Зегин. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close