Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Дефект на главната водоводна линија во Берово, во прекин водоснабдувањето во три села

Во прекин е водоснабдувањето на неколку улици во Берово. Причината, како што информираа од Јавното претпријатие за комунални работи ,„Услуга", е поголем дефект на главната водоводна линија.

Берово, 6 август 2022 (МИА) – Во прекин е водоснабдувањето на неколку улици во Берово. Причината, како што информираа од Јавното претпријатие за комунални работи ,„Услуга”, е поголем дефект на главната водоводна линија.

– Поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, без вода во моментот е дел од градот Берово, односно улиците Ленинова, Марксова, Енгелсова и Брдославица, информираа од ЈПКР „Услуга”.

Поради дефектот, како што додадоа, без вода за пиење се и жители од неколку рурални средини.

Недостиг од вода за пиење има и во селата Смојмирово, Мачево и Митрашинци.

Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот, додадоа од претпријатието.

Упатија апел до граѓаните на стрпливост, потенцирајки дека најдоцна до утринските часови водоснабдувањето ќе биде нормализирано. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close