0_Спорт.ПорталФудбал

Дестро постигна гол против Верона со шише во раката

Напаѓачот на Џенова, Матија Дестро вчеравечер постигна гол во натпреварот од 6. коло на италијанското првенство против Верона (3:3).

Џенова, 26 септември 2021 (МИА) – Напаѓачот на Џенова, Матија Дестро вчеравечер постигна гол во натпреварот од 6. коло на италијанското првенство против Верона (3:3).

Триесетгодишниот Италијанец држејќи шише во левата рака, на асистенција на македонскиот фудбалер Горан Пандев, во 85. минута се запиша во листата на стрелците за во тој момент водство на Џенова со 3:2.

На крајот резултатот беше 3:3.

По овој меч, Џенова и Верона имаат по пет бода и ги заземаат 15, односно 14 место во Серија А. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close