0_Спорт.ПорталОстанато

Десет години од првата европска титула на Дејан Недев

На денешен ден пред точно 10 години, Дејан Недев ја освои првата европска титула во традиционално карате во најтешката дисциплина (борби-кумите) во сениорска конкуренција, на 30. ЕТКФ Европски шампионат во Ерусалим, Израел.

Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) – На денешен ден пред точно 10 години, Дејан Недев ја освои првата европска титула во традиционално карате во најтешката дисциплина (борби-кумите) во сениорска конкуренција, на 30. ЕТКФ Европски шампионат во Ерусалим, Израел.

– Овој историски резултат ќе остане засекогаш запаметен бидејќи е прв златен медал во историјата освоен на едно вакво големо европско натпреварување. Дејан Недев во финалето успеа да го победи Роман Лукианетс од Украина, а предходно ги победи преставниците на Полска, Кипар, Литванија и Романија. По овој резултат Дејан Недев се стекна со највисокото Национално спортско признание што му го додели нашата држава, информираат од МТКФ.

Дејан Недев и ден денес е активен спортист, натпреварувач и тренер кој пред две недели во Белград на 35. ЕТКФ Европски шампионат ја освои осмата европска титула по ред во дисциплината кати поединечно. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close