0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Десет амбулантни возила донира компанијата „Еколог“

Компанијата „Еколог“ од Тетово донира десет амбулантски возила со опрема за здравствените установи низ земјава. Во име на Министерството за здравство, донацијата ја прими државниот секретар во Министерството за здравство Иванка Стојановски.

Тетово, 24 септември 2021 (МИА) – Компанијата „Еколог“ од Тетово донира десет амбулантски возила со опрема за здравствените установи низ земјава. Во име на Министерството за здравство, донацијата ја прими државниот секретар во Министерството за здравство Иванка Стојановски.

-Донацијата ќе биде од огромна корист за здравствените установи и медицинскиот персонал и директно ќе помогне во спасување на највредното -човечкиот живот и однапред Ви благодарам за секоја навремена интервенција и спасен живот, истакна Иванка Стојановски.

Од компанијата посочија дека нивната општествена одговорност ја вклучува посветеноста кон одржлив економски, еколошки и социјален развој. 

– Ние се обидуваме да ги идентификуваме потребите на општеството и се обидуваме да го поддржиме неговиот напредок кон повисоки цели и благосостојба. „Еколог“ одлучи денес да донира десет амбулантни возила со сета опрема за здравствените домови во Северна Македонија, истакнаа од компанијата.

Амбулантски возила ќе добијат здравствените домови во Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Битола, Велес и Штип и две во Тетово. ас/бак/

 

Таг
Back to top button
Close
Close