Дописници МКДОпштински вести

Денот на ослободување на Тетово ќе се одбележи со пригодна манифестација

Со пригодна празнична манифестација ќе се одбележи 19 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Тетово. Настанот насловен „77 години слободно Тетово“ ќе се одржи во предвечерието на празникот, вечерта на 18 ноември четврток со почеток во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Тетово, 11 ноември 2021 (МИА)- Со пригодна празнична манифестација ќе се одбележи 19 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Тетово. Настанот насловен „77 години слободно Тетово“ ќе се одржи во предвечерието на празникот, вечерта на 18 ноември четврток со почеток во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

-Како современа генерација на достоинствен начин заедно да го направиме бесмртен идеалот на нашите претци, кои пред 77 години ја избраа слободата на Македонија за сметка на своите млади животи. Настанот е од културен карактер со музичко-сценска, забавна и меморијална нота, а ќе се одржи согласно важечките здравствени протоколи за заштита од Ковид 19. Задолжително е приложување на сертификат за вакцинација и носење на заштитна маска, информираат организаторите Сојузот на борците од Народно-ослободителната борба и граѓаните продолжувачи од Тетово.

Билетите за настанот „77 години слободно Тетово“ граѓаните можат  бесплатно да ги подигнат во кафе бар ,,Маестро” и во цвеќарницата ,,Крин”, а организаторите напоменуваат дека тие се во во ограничен број.ас/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close