Дописници МКДОпштински вести

Демирхисарска летна школа во манастирот Св. Јован Претеча во Слепче

Општина Демир Хисар и институциите соработници се подготвени за претстојната летна Демирхисарска школа чие петто издание според востановената традиција ќе почне на 7 јули, на празникот Иванден.

Демир Хисар, 4 јули 2022 (МИА) – Општина Демир Хисар и институциите соработници се подготвени за претстојната летна Демирхисарска школа чие петто издание според востановената традиција ќе почне на 7 јули, на празникот Иванден.

Во пресрет на почетокот на школата, во конаците на манастирот Св. Јован Претеча Слепче, се одржа координативен состанок меѓу градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, игуменот Серафим, научниот секретар на школата професор д-р Сашо Цветковски, директорот на Домот на културата „Илинден“ Славчо Велјановски и Благоја Шундовски, проектен соработник.

-Тема на разговорот беа претстојните завршни активности пред годинашното ново издание на Демирхисарската летна школа. Оваа година Школата ќе се одржи со намален обем во број на учесници и времетраење, но тоа суштински нема да се одрази на квалитетот на планираните активности. Своевидна „новина“ е тоа што, по двегодишна пауза, општината повторно го презема патронството и целокупната организација, и во вкупниот буџет ќе има најголем удел. Школата свечено ќе биде отворена на 7 јули, на Иванден кога ќе биде возобновено Демирхисарското културно лето, информираа од Општина Демир Хисар.

Летната Демирхисарска школа ќе ја водат универзитетските професори од Архитектонскиот и Филозовскиот факултет при УКИМ, Елизабета Касапова и Ванчо Ѓорѓиев, Виктор Недески од Богословскиот факултет, Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ и научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ, Анита Ангелевска и други истакнати научни работници и истражувачи од државата и регионот. мт/мч/

Back to top button
Close
Close