Дописници МКДОпштински вести

Делчевската гимназија ја реализираше втората училишна размена како дел од Еразмус + проектот ,,Супер училишта”

Делчевската гимназија „Методи Митевски - Брицо" го заокружи циклусот на училишни размени во рамки на Еразмус + проектот „Супер училишта", кој е дел од заедничката соработка со Средното стручно училиште од Пирот, Србија.

Делчево, 19 мај 2022 (МИА) – Делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо” го заокружи циклусот на училишни размени во рамки на Еразмус + проектот „Супер училишта”, кој е дел од заедничката соработка со Средното стручно училиште од Пирот, Србија.

Во рамки на втората размена која се одржа во Пирот, како што информираше проектниот координатор Желеанка Демирова, делчевската гимназија учествуваше со 10 ученици, кои заедно со своите врсници од Пирот изработиле креација на сопствен производ.

-Целиот тим имаше можност да се запознае со техниката на произведство на креми од органско производство. За таа цел беше искористена хемиската лабораторија во Средната Стручна Школа во Пирот каде се  изработуваат креми за тело и есенцијално масло. Заеднички е тоа што се користеа борови иглички од нашата планина Голак  а останатите органски производи беа од Пирот, додаде Демирова.

Во рамки на втората училишна размена делчевските гимназијалци посетиле многу локални организации и фирми, меѓу кои Млечната школа за изработка на кашкавал, како и организацијата Дамски Свет за изработка на познатиот Пиротски килим.

-Од верските обележја, слично како и во Делчево, беа посетени два манастири во областа на Димитровград, Погановски Манастир и Суковски Манастир. И на двете локации учениците имаа можности да присуствуваат на одлични предавања, првото за историјатот, а второто за теми од секојдневниот живот со мотивација за младите, рече Демирова.

Втората училишна размена, според координаторот, ги оправда очекувањата и целите на проектот за поттикнување на талентите и зголемување на личните и академски вештини на учениците, како продолжение на првиот дел од активностите од Еразмус + проектот. вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close