Дописници МКДОпштински вести

Делегација од дваесетина европски амбасадори во посета на ТППЕ Берово

Делегација од дваесетина европски амбасадори во РСМ реализираа неформална посета на Територијалната противпожарна единица во Берово.

Берово, 27 септември 2021 (МИА) – Делегација од дваесетина европски амбасадори во РСМ реализираа неформална посета на Територијалната противпожарна единица во Берово. Извршувајќи увид на опремата за справување со пожари во Берово, евроамбасадорите најавија нови донаторски средства за поддршка и доопремување на единицата и упатија на формирање на волонтерска единица за противпожарна заштита, како пракса од некои европски земји.

Како што истакна командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски, изминатиот период после долги години, набавена е нова опрема за справување со шумски пожари, во Берово и Пехчево, за локализирање, набавена е опрема и за пожарникарите, но за успешно справување со пожари од поголеми размери, потребно е постојано да се вложува.

-Очекуваме дека нашите пожарникари наскоро ќе одат на обуки во некои од европските земји, со цел да бидеме подготвени, екипирани и да се спречат поголеми катастрофи, рече Руменовски.вс/ир

Back to top button
Close
Close