Дописници МКДОпштински вести

Делегација на Општина Битола во посета на збратимениот француски град Епинал

Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, пристигна во официјална посета на збратимениот град Епинал.

Битола, 4 декември 2021 (МИА)Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, пристигна во официјална посета на збратимениот град Епинал.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека посетата е во рамки на свеченостите што францускиот град ги организира по повод тамошниот празник Свети Никола, заштитник на градот.

-Нашите два града ги врзува повеќе од пет децении пријателство коешто со сите свои подеми и падови, и покрај илјадниците километри што не разделуваат, сепак трае и се одржува низ времето. Во Битола, град со франкофонска и франкофилска традиција, посебно сме горди што може да се пофалиме со најдолгото збратимување во нашата земја. Од неговите почетоци, тоа се 53 години средби, посети, соработки во најразлични домени, проекти, тоа се бројни генерации кои од едната и другата страна престојувале во Епинал, во Битола, заеднички размислувале, се договарале, планирале, се дружеле, истакна градоначалникот на Битола Тони Коњановски во поздравен говор кон домаќините и гости во Епинал.

Во делегацијата на Општина Битола освен градоначалникот Коњановски се и секретарот на општината, Борче Димитровски и советниците од Советот на Општина Битола, Жаклина Наумовска и Бојан Бојкоски.мт/са/

Back to top button
Close
Close