0_Web_Насловна-слајдер0_МИА Истражува.ПорталМакедонија.СлајдерМИА ИстражуваОпштествоТема

Дезинформациите низ објективот на фотоапаратот

Ширењето дезинформации преку фотографија е речиси толку старо како и самиот медиум. Постојат многу примери на исценирани или на изменети фотографии како дел од политичка пропаганда или во улога на поддршка на најразлични наративи. Во дигиталната ера, дополнително, оваа практика достигнува нови височини, при што уредувањето фотографии станува сè пораспространето и софистицирано, а „злоупотребените“ фотографии се шират глобално за неколку секунди.

Скопје, 2 октомври 2022 (МИА) – Ширењето дезинформации преку фотографија е речиси толку старо како и самиот медиум. Постојат многу примери на исценирани или на изменети фотографии како дел од политичка пропаганда или во улога на поддршка на најразлични наративи. Во дигиталната ера, дополнително, оваа практика достигнува нови височини, при што уредувањето фотографии станува сè пораспространето и софистицирано, а „злоупотребените“ фотографии се шират глобално за неколку секунди.

Фотографот Ѓорѓи Личоски смета дека дезинформациите се огромен проблем во новинарството и тие се зголемуваат со невидена брзина.at the 2014 Winter Olympics, Saturday, March 5, 2016, in Sochi. (AP Photo/=263021002317=)

– Јас се занимавам со фотоновинарство повеќе од 30 години и можам да кажам дека дезинформирањето е нешто што е излезено од контрола. Со оглед на тоа што кај нас фактички изумреа весниците, новинарството се сведе на интернет-новинарство каде што нема никаква контрола. Уште помалку се одговара за пишаниот збор. Армии луѓе, партиски војници, нè засипуваат со дезинформации на секое ниво и тоа е нешто што е навистина излезено од контрола, вели тој.

Според фотографот Роберт Атанасовски, манипулацијата преку фотографија е една од најпопуларните и најефикасни форми за манипулирање со луѓето.

– Причината за ова лежи во фактот што луѓето се визуелни суштества и фотографиите, повеќе од текстот, можат побрзо и поефикасно да влијаат врз нив. Исто така, од искуство велам дека луѓето имаат поголема веројатност да веруваат во фотографии отколку во текст, смета тој.

Додава дека ако весникот или порталот има лошо мислење за конкретен политичар, уредникот на фотографија или на весникот може да избере полоша фотографија од тој политичар сликана во крупен. Нагласува дека тоа веќе се случувало кај некои од нашите медиуми и е еден вид манипулација.

– Во почетокот на 20 век, фотографијата престана да биде само уметност и илустрација во весниците, таа почна да се користи за маркетинг и за конкретни цели. Фотоманипулациите станаа екстремни заради промоција на производи или за презентација на одредени политички цели. Фотографија во весници или за маркетинг цели се користи со намера читателот да реагира со некакво политичко дејствување, на пример, омраза кон некој политички лидер. Тоа е веќе пропаганда и можеби е најлошиот вид. Но, има и други начини, образложува Атанасовски.

Лажниот контекст го наведува како еден од најопасните начини на манипулација.

– Ова е ситуација кога одредена фотографија се користи во контекст што не е соодветен, односно за илустрација на настан што не се однесува на неа. Овде, се разбира, не мислиме на очигледно измислена и однапред смислена фотографија што служи за потребите на рекламирање и слично, туку фотографија што постои и е достапна на интернет или во архива на фотографии, за весник или за објава на социјалните мрежи. На овој начин целосно се менува изворното значење и карактерот на фотографијата или на одреден настан, вели тој.

Во оваа смисла, како што дополнува, постои свесно претерување во претставувањето на постојните ситуации за да се привлече вниманието на носителите на одлуки или на пошироката јавност за некој проблем.

– На пример, кога целта е пошироката јавност да се вознемири поради неодговорниот однос кон природата, тогаш фотографијата од најзагадените реки во светот често може да се користи како своевидно предупредување или во кој било контекст во врска со загадување. На пример, се зема фотографија од некоја загадена река од каде било и се пишува дека Вардар е загаден поради конкретни интереси, посочува Атанасовски.

Peaks of the highest buildings the only one that could be seen from mountain Vodno whereas town is covered by extreme fog created from pollution in Skopje on December 15, 2017.High pollution levels have been plaguing Macedonia for years, especially the citiy of Skopje, which is among Europe’s most polluted areas. / AFP / Robert ATANASOVSKI

Личовски вели дека манипулациите со фотографии се присутни секојдневно.

– Фотошопирање на фотографиите, манипулација со времето и местото на фотографијата, крадење фотографии и пишување текст со различен контекст е нешто што стана нормално на нашите простори, вели тој.

Нејасна законска регулатива и масовно крадење авторски фотографии, секојдневие во македонското фотоновинарство

Во земјава постои нејасна законска регулатива што се случува со фотографијата по нејзиното објавување на интернет, вели Личовски, кој дополнува дека фотографиите се крадат масовно и ретко некој одговара за тоа.

– Има луѓе што се обидуваат со тужби да се справат со медиумите што крадат фотографии, но, дефинитивно, фоторепортерите немаат контрола врз фотографиите по нивното објавување на интернет, вели фотографот Личовски.

Атанасовски, исто така, се согласува дека немаат контрола врз фотографиите.

– Ние буквално немаме контрола врз фотографиите доколку се објавени на интернет, што начелно објавуваат за конкретен  настан што е поврзан со одредена случка.

Нормално, секогаш имам доверба и најдобра намера што се однесува до нормален медиум што се занимава само со факти, но тука веќе се јавуваат социјалните мрежи со илјадници коментари и толкувања и тука веќе има простор за манипулации и за извртување на вистината, вели тој.

Според него, ние сме далеку од почитување авторски права.

– Дури можам да кажам дека кај нас најмалку се почитуваат авторските права во регионот. Сме пробале различни стратегии досега. Не велам не, но делумно безуспешно. Останува на крај со тужби да ги решаваме проблемите. Но, сега веќе ситуацијата е малку променета бидејќи некои колеги почнаа преку судови и адвокати да си ги бараат правата и успеваат во тоа. Тоа е некој почеток за решавање на проблемот. Сè додека не се донесе закон специјално за авторски права и за конкретни ситуации за фотографии, состојбата ќе биде таа. И по малку да се смени совеста на медиумите што мислат дека интернет-просторот е нивен без ограничување, смета тој.

epa04990570 YEARENDER AUGUST 2015 
Children cry as migrants wait on the Greek side of the border break through a cordon of Macedonian special police forces to cross into Macedonia, near the southern city of Gevgelija, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 21 August 2015. Macedonian police clashed with thousands of migrants attempting to break into the country after being stranded in no-man’s land overnight, marking an escalation of the European refugee crisis for the Balkan country. EPA/GEORGI LICOVSKI

Личовски, пак, вели дека ситуацијата со фотоновинарството кај нас е катастрофална во секој поглед.

– Бројот на фоторепортери во Македонија во 2001 година беше повеќе од 40, бевме солидно технички опремени и имавме солидни плати споредено со нашите балкански колеги. Денес, професионално со новинарска фотографија се занимаваат десетина луѓе, кои се многу лошо платени, ужасно опремени, а најстрашно од сè е што нема веќе млади луѓе што сакаат да се занимаваат со оваа професија. Авторските права не се почитуваат, нè крадат безмилосно, а ретко кој успеал со тужби да наплати кражба на фотографија. Фотоновинарството е професија во изумирање во Македонија, вели тој.

Што се однесува за конкретна новинарска фотографија, Атанасовски посочува дека сè уште знаеме да бидеме конкурентни и забележува дека поради кризата во медиумскиот простор, има и криза во смисла за намален број фоторепортери.

Суштината на новинарството и на фотографијата е да ја пренесат вистината

Според Личовски, суштината на новинарството и на фотографијата е да ја пренесат вистината, затоа и постои новинарството.

– Доколку луѓето изгубат верба во медиумите, како што веќе се случува во нашата држава, тогаш е бесмислено постоењето на медиумите, ако веќе тие станаа алатка во рацете на партиски и криминални структури за дезинформација на луѓето, смета тој.

epa05853852 (FILE) – A file picture dated 13 August 2015 shows an exhausted and frustated migrant holding his head after he missed to get a place on a train heading to the Serbian border at the train station in Gevgelija, The Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM). The summer of 2015 put the cooperation between EU countries to a test when more than a million refugees entered Europe fleeing from wars and poverty. The 60th anniversary of the signing of the Treaty of Rome is marked on 25 March 2017. The treaty was signed on 25 March 1957 by Belgium, France, Italy, Luxembourg, the Netherlands and West Germany to form the European Economic Community (ECC). It continues to be one of the most important ones in the history of the European Union (EU). EPA/GEORGI LICOVSKI

Атанасовски се согласува дека известувањето за вистината е основа.

– Само така ќе нè биде и ќе функционираме во нормален медиумски простор. Затоа што сме му потребни на општеството да бидеме неговите очи и неговата совест,  вели тој дополнувајќи дека тоа не треба да им се препушти на поединци и на медиуми што без контрола и заради лични интереси објавуваат фотографии и вести.

Личовски вели дека не е толку тешко да се избегнат дезинформациите и дополнува дека е потребна двојна или тројна проверка на изворот на информација или фотографија. Според него, некогаш треба и да се почека за да имаш време вистински да провериш дали е нешто вистина или не.

Атанасовски заклучува дека вистината понекогаш е повредена од некаква невистина или лага, конкретно, а фотографиите се многу потешки за манипулација од зборовите, затоа што прикажуваат конкретна ситуација, а со зборовите лесно може да се манипулира.

A protester write on the facade of the Ministry of Justice building with color spray during an anti-government protest in Skopje on May 20, 2016, in a series of protests dubbed Colorful Revolution. Crisis-hit Macedonia on Wednesday postponed elections due next month, after the European Union called on Skopje to delay the polls to ensure they could take place freely and fairly. The delay was agreed by parliament, which reconvened after Skopje’s constitutional court froze all activities related to the controversial parliamentary polls scheduled for June 5. / AFP PHOTO / Robert ATANASOVSKI

– Секако најважно е професионалното и објективно новинарство што ја вклучува и новинарската фотографија. Вистината секогаш е потешка за манипулација. И искуството да се препознае манипулацијата е најважно, смета тој.

Фотографиите ја зголемуваат вербата во изјавите. Тие служат како доказ дека некој настан се случил и се полесни за меморирање. Вистината во фотографијата не е само во автентичноста, важно е како фотографиите се вклопуваат заедно, каква е нивната наративна структура и како функционираат во одредена публикација. Сите фотографии исполнуваат конкретни функции во специфични контексти и можат да го променат значењето и да го изменат контекстот, па токму затоа е неопходно да се внимава со нивната употреба и уредување и да се почитуваат авторските права што стојат зад објективот.

Ангела Рајчевска

Таг
Back to top button
Close
Close