Граѓански секторМКД

Дебата во рамки на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“

Во рамки на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ и по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина, денеска ќе се одржи отворена онлајн-дебата и презентација на резултатите од извештајот изготвен од обемно и сеопфатно истражување реализирано во периодот декември 2020 – јуни 2021 година, во организација на Рурална коалиција.

Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) – Во рамки на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ и по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина, денеска ќе се одржи отворена онлајн-дебата и презентација на резултатите од извештајот изготвен од обемно и сеопфатно истражување реализирано во периодот декември 2020 – јуни 2021 година, во организација на Рурална коалиција.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ финансиран од Центарот за истражување и креирање  политики (ЦРПМ), а овозможен со финансиска помош од Австриската агенција за развој (АDA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.

Целта е преглед, но и давање препораки и конкретни мерки како да се унапреди родово одговорното буџетирање и вклучувањето на родовата компонента во секторот земјоделство и рурален развој.

Рурална коалиција соопшти дека активно го реализира проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ којшто е насочен кон утврдување на предизвиците што стојат на патот кон креирањето родово сензитивни политики и програми во секторот.

Самиот проект е дел од активностите на регионалната Мрежа за мониторинг на родово одговорното буџетирање во која се вклучени поголем број организации од Западен Балкан, како и Молдавија, а  во нашата држава неа ја предводи Центарот за истражување и креирање политики.

Спроведеното истражување за примената на РОБ во секторот земјоделство и рурален развој покажува дека познавањето на оваа тема кај жените од руралните средини е речиси минимално, односно целосно се непознати поимите родово одговорно буџетирање, родов индекс, препознавање на родовата еднаквост како основно човеково право.

Податоците за ваквиот генерален заклучок на Рурална коалиција ќе бидат презентирани на отворената онлајн-дебата за резултатите од истражувањето. свс/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close