Дописници МКДОпштински вести

Дебарската администрација се запознаа со можностите и начините за искористување на ресурсите на општината

Вработените во општинската администрација во Дебар денеска се запознаа со можностите и начините за искористување на ресурсите на општината.

Дебар, 21 јули 2022 (МИА) – Вработените во општинската администрација во Дебар денеска се запознаа со можностите и начините за искористување на ресурсите на општината.

– Со помош на Марина Јандревска, специјалист за општински финансии, вработените во општинската администрација денеска имаа можност да дознаат повеќе за поведување на постапка за јавни набавки, следење на спроведувањето на договорот за јавни набавки, како и исплата на финансиски обврски согласно договорот за јавни набавки, информираа од општината.

Информираат дека Општина Дебар е партнер на проектот на УСАИД Северна Македонија – „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општината“.

– Овој проект ќе придонесе за зголемување на стабилноста на финансиското управување на општината и зголемување на контролата врз работата на општината, оценуваат од општината.

Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој присуствуваше на средбата, оцени дека на ваков начин се намалува веројатноста за грешки, измами, непочитување на прописите, како и ризикот од неоткривање на овие проблеми.вт/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close