Дописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Две лица тешко повредени во сообраќајка во штипската населба „Сењак”

Деветнаесет годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа, што се случи попладнето во штипската населба Сењак, во близина на трговскиот центар ,„Елкос".

Штип, 4 декември 2021 (МИА) – Деветнаесет годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа, што се случи попладнето во штипската населба Сењак, во близина на трговскиот центар ,„Елкос”.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „венто” управувано од 71 годишен возач и мотор, управуван од 19 годишното момче, негов сопатник бил и 17 годишен малолетник.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска информира дека во болницата примени се две лица, од кои едното со повреди на главата и е во шок соба. Во тек се снимања и прегледи.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата, а кои треба утврдат како се случила незгодата.вдј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close