Дописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Две лица лишени од слобода осомничени за разбојништво

Гостиварската полиција расветли едно разбојништво кое беше пријавено пред два дена и приведе две лица, а по трето трага.

Гостивар, 27 октомври 2021 (МИА) – Гостиварската полиција расветли едно разбојништво кое беше пријавено пред два дена и приведе две лица, а по трето трага.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (26 октомври) во периодот од 14 до 16 часот во Гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране.

Двајцата се сомничат дека со уште едно лице по кое се трага на ден пред тоа, (25 октомври) на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар физички нападнале малолетник од Гостивар, по што му одзеле мобилен телефон и пари.

Осомничените се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. згм/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close