Дописници МКДОпштински вести

Дваесет и пет лица со ниски квалификации добија работен ангажман преку општина Гостивар

Дваесет и пет невработени лица со ниски квалификации во наредниов период ќе бидат работно ангажирани во уредување на градот и други јавни работи во општина Гостивар.

Гостивар, 23 август 2022 (МИА) – Дваесет и пет невработени лица со ниски квалификации во наредниов период ќе бидат работно ангажирани во уредување на градот и други јавни работи во општина Гостивар.

Информацијата ја сподели градоначалникот Арбен Таравари преку социјалните мрежи, непосредно по средбата со нив атарот на Долна Бањица.

– Општина Гостивар по втор пат го доби проектот со кој преку јавен оглас за организација на јавни работи се ангажирани 25 невработени лица со ниски квалификации, напиша Таравари.

Тој појаснува дека спроведувањето на оваа програма за вработување доаѓа преку Работниот клуб на Агенцијата за вработување на РСМ – Центар за вработување Гостивар.

Овие лица ќе бидат ангажирани најмногу 22 дена и ќе земаат дневница од 600 денари со вклучен персонален данок.

На првиот работен ден, работниците во атарот на Долна Бањица и поранешните армиски магацини ги расчистуваа дивите депонии и го собираа отпадот кој на оваа локација го исфрлаат несовесни граѓани. згм/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close