0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидео изјаваЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Даштевски: Успешно завршија изборите, први со електронско гласање

Успешно завршија изборите, први со електронско гласање, изјави на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, оценувајќи ги како едни од најтешките во поновата историја на државата.

Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Успешно завршија изборите, први со електронско гласање, изјави на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, оценувајќи ги како едни од најтешките во поновата историја на државата.

– Како што кажав, првиот круг ќе биде малку потешко, затоа што не е извежбано, меѓутоа вториот круг помина речиси 100 проценти успешно и понатаму очекуваме усовршување на овој процес. Беше битно да се почне, секогаш има детски болести, меѓутоа ако не почнеме ќе може да заостанеме во целокупниот развој, а се работи за прилично важна категорија за развој на демократијата, изјави Даштевски, заблагодарувајќи се на членовите и вработените во ДИК, како и на политичките партии, медиумите, печатницата, компанијата што ја изработи апликацијата.

Конечните резултати, како што најави Даштевски ДИК ќе ги објави во текот на утрешниот ден, по што ги прочита првите неофицијални податоци. бт/аа/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close