Локални избори 2021Општински вестиПолитички партииСкопје

Дарко Костовски ја презеде градоначалничката функција во Општина Бутел

Од Општинската изборна комисија на Општина Бутел, денеска му е врачено уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општината.

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Од Општинската изборна комисија на Општина Бутел, денеска му е врачено уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општината.

Како што соопштија од општината, градоначалникот Костовски при тоа истакнал дека од денеска е во служба на граѓаните и дека „сите заеднички ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитена Општина Бутел“.

Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, беше направено и примопредавање на функцијата, откако досегашниот градоначалник го пречека новоизбраниот Дарко Костовски.

Според резултатите од гласањето во првиот круг на Локалните избори 2021, во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа покрај ВМРО-ДПМНЕ со 10 советнички места, следат СДСМ – четири, ДУИ – три и АА/А и Левица со по едно советничко место. вг/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close