Локални избори 2021Оригинални текстови

Граѓанска организација АКСИОС 2017 Скопје со иницијатива за активно вклучување во процесот на следење и набљудување на Локалните избори

Граѓанска организација АКСИОС 2017 Скопје има иницијатива за активно вклучување во процесот на следење и набљудување на претстојните Локални избори 2021, како континуитет на изминатиот мониторинг на изборниот процес за време на Парламентарни избори 2020 кој го следевме со повеќе од 800 мобилни набљудувачи.

Скопје, 1 октомври 2021 

Активното учество на граѓаните во процесите на одлучување и следење на општествените промени се одраз на демократските процеси во една земја.

Граѓанска организација АКСИОС 2017 Скопје има иницијатива за активно вклучување во процесот на следење и набљудување на претстојните Локални избори 2021, како континуитет на изминатиот мониторинг на изборниот процес за време на Парламентарни избори 2020 кој го следевме со повеќе од 800 мобилни набљудувачи.

Овие избори ќе ги следиме со мобилни набљудувачи распределени на целата територија на државата. Во тој однос, ќе поднесме барање до Државната изборна комисија за акредитација на набљудувачи.

Најголема активност кон која сме насочени за овие Локални избори е набљудувањето на изборниот процес на денот на гласање. Меѓутоа, освен оваа активност ќе го набљудуваме и целиот процес на организирање на изборите во насока на фер и демократски избори, искористување на демократското право на глас и учеството на граѓаните во политичките процеси.

Досегашниот предизборен процес го оценуваме како мирен, фер и стабилен од страна на актуелните политички партии, каде ја користиме оваа можност да ги повикаме сите политички чинители за одржување на фер и демократски избори во кои граѓаните ќе можат непречено и во пријатна атмосфера да си го остварат правото на глас.    

Граѓанската организација АКСИОС 2017 Скопје  ќе продолжи со редовна комуникација со медиумите и за сите активности навремено и редовно ќе биде информирана јавноста.

Граѓанската организација АКСИОС 2017 Скопје

————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегралнаи оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close