Општински вестиСкопје

„Градски паркинг“ санкционира 64 непрописно паркирани возила на јавни површини

Во текот на изминатата недела, од 3 - 9 март,  со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 64 возила од јавните површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија од ЈП „Градски паркинг“.

Скопје, 11 март 2022 (МИА) – Во текот на изминатата недела, од 3 – 9 март,  со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 64 возила од јавните површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија од ЈП „Градски паркинг“.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, доадоа оттаму. см/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close