Општински вестиСкопје

Градоначалничката Арсовска оствари средба со делегација на Амбасадата на Франција

Градоначалничката Арсовска денеска оствари средба со Шефот на Делегација на Франција во Скопје, амбасадорот Сирил Бомгартнер и директорот на Регионалната Канцеларија на Француската агенција за развој, Доминик Ортберг.

Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) – Градоначалничката Арсовска денеска оствари средба со шефот на делегацијата на Франција во Скопје, амбасадорот Сирил Бомгартнер и директорот на Регионалната Канцеларија на Француската агенција за развој, Доминик Ортберг.

Како што соопшти град Скопје, на средбата се разговарало за предизвиците кои го очекуваат Градот Скопје и за приоритетите на новото градско раководство во наредните четири години со цел креирање подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување на сите проекти предвидени во програмата.

-Арсовска потенцира дека како еден од поважните проекти кои се предвидени за реализација во наредните четири години е целосната дигитализација на Градот Скопје, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните на ниво на градот, наведуваат од прес-службата на Град Скопје.

Амбасадорот Бомгартнер, стои во соопштението, посака успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје. Тој изразил надеж дека Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и кој се стреми да прерасне во дигитален град.

На средбата присуствуваа и аташето за соработка Жулие Маравал, како и Камил Имберт, одговорна за проектот Smart Cities во Регионалната канцеларија на Француската агенција за развој.свс/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close