Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вестиПолитички партии

Градоначалникот Јанчев и новоизбраните советници ги примија уверенијата од кавадаречката изборна комисија

Новоизбраните 19 советници и градоначалникот Митко Јанчев денеска ги примија уверенијата од кавадаречката општинска изборна комисија.

Кавадарци, 27 октомври 2021 (МИА) – Новоизбраните 19 советници и градоначалникот Митко Јанчев денеска ги примија уверенијата од кавадаречката општинска изборна комисија.

Јанчев посака плодна работа, со реализација на проекти во интерес на сите. Тој потсети дека мнозинството со десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата. Пет советнички места има СДСМ со коалиционите партнери. Тројца советници добија мандат како кандидати од две независни советнички листи. Свој претставник во Советот има и Левица.


Градоначалникот нагласи дека меѓу советниците има луѓе од различни професии.

– Сите тие можат да придонесат во развојот на општината Кавадарци, дециден беше Јанчев.свд/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close