
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) – Во Амбасадата на Република Словенија во Скопје денеска се оддржа средба помеѓу градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и словенечкиот амбасадор Милан Предан.
Како што информираат од општината, на средбата присуствувале и преставници на Земјоделскиот институт од Скопје.
– На средбата присуствуваа и претставници од Земјоделски Институт – УКИМ Скопје, дирекорот проф. д-р Виктор Ѓамовски и проф. д-р Марија Ковачевиќ. Ја презентиравме стратешката иницијатива на Општина Гази Баба и Земјоделскиот Институт за основање на Иновативен Центар на скопскиот плански регион. Побаравме поддршка од Амбасадорот Милан Предан да помогне во поврзувањето со слични такви институции во Словенија, а со цел размена на искуства и најдобри практики во функцонирањето на таква институција, соопшти градоначалникот Стефковски.
Информира дека се разговарало и за можноста Општина Гази Баба да развие соработка со општините во Република Словенија, со цел културна, економска и образовна соработка, како и подготовка и аплицирање на проекти во европските фондови.
Земјоделскиот Институт побарал поддршка од Амбасадорот за поврзување со Институтот за земјоделие во Марибор, за научна и проектна соработка од сферата на smart земјоделие и агротуризмот.
На средбата била договорена и заедничка еколошка акција за чистење на парк шумата Гази Баба.свс/са/