Дописници МКДОпштински вести

Градоначалникот на Македонска Каменица потпиша Декларација за поддршка на женското претприемништво

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво.

Македонска Каменица, 29 јули 2022 (МИА) – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво.

Тој како главна причина за малиот број на жени претприемачи во општината ја посочи неинформираноста на граѓаните и смета дека треба да се работи на јакнење на свеста уште кај учениците од средно образование.

-Сметам дека постои подготвеност и желба за поактивно вклучување во активностите на тема женско претприемништво од страна на сите заинтересирани. Во време кога општината работи на барање на инвестиции и отворање на нови бизниси, постои надеж дека барем дел од нив ќе бидат раководени од жени претприемачи, истакна Атанасовски.

За општина Македонска Каменица од особена важност е зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво, со цел, креирање на политики, застапување и соработка со националните и локалните власти, како и формирање на локални клубови за женско претприемништво. вс/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close