Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Градоначалникот Дука го честиташе Денот на независноста на Албанија

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука упати честитка по повод 28 ноември, денот на независноста на Албанија и денот на знамето, посакувајќи напредок на сите Албанци каде и да се.

Дебар, 28 ноември 2021 (МИА) – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука упати честитка по повод 28 ноември, денот на независноста на Албанија и денот на знамето, посакувајќи напредок на сите Албанци каде и да се.

– Честит 28 ноември, денот на знамето, денот кој ги обединува во едно тело сите Албанци каде и да се. Да славиме уште многу години, додека постои живот. Дебар црвено црн, напиша Дука.

Тој постира и фотографии од градот како е накитен со албански знамиња.

Поради автобуската несреќа што се случи во Бугарија, во која загинаа 45 македонски граѓани,  општината ги откажа сите планирани активности.

Како што објави директорот на средното општинско училиште „28 ноември”, Рамадан Имери,  и во оваа образовна институција откажани се сите активности по повод патронот на  училиштето.

Албанија денеска одбележува 109 години од независноста, кога во Валона е потпишана повелбата за независност и  првиот албански премиер Исмаил Ќемали го развиорил албанското национално знаме. вт/оџ

Back to top button
Close
Close