Општински вестиСкопје

Градинката „Лале“ добива модерен изглед

радоначалникот Тимчо Муцунски изврши увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“. Работите во моментот се одвиваат на надворешниот дел, а со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада.

Скопје, 19 август 2022 (МИА) – Градоначалникот Тимчо Муцунски изврши увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“. Работите во моментот се одвиваат на надворешниот дел, а со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада.

– Свесни сме дека нашата општина се соочува со недостиг на места по градинките, но наскоро и овој проблем ќе биде минато. Покрај градинката во Стар Аеродром која наскоро ќе започне со работа, нови градинки и доградба на постојните ќе има и на неколку други локации низ општината, а капацитетите на неколку градинки ќе бидат надградени и проширени, истакна градоначалникот Муцунски при увидот на градежните активности.

Во насока на кратењето на дополнителните трошоци кои ги имаат граѓаните, од 1 март годинава, родителите беа ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, додека пак од 1 септември ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.

 

Back to top button
Close
Close