Дописници МКДОпштински вести

Градежни зафати во најголемото средно училиште во Штип

Во најголемото регионално средно училиште во Штип почна реконструкцијата на соблекувалните во новата спортска сала. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов истакна дека како втора и завршна фаза е комплетното реновирање на спортските соблекувални, кои во иднина на учениците ќе им обезбедат многу подобри услови за користење во текот на целата учебна година.

Штип, 21 септември 2021 (МИА) – Во најголемото регионално средно училиште во Штип почна реконструкцијата на соблекувалните во новата спортска сала. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов истакна дека како втора и завршна фаза е комплетното реновирање на спортските соблекувални, кои во иднина на учениците ќе им обезбедат многу подобри услови за користење во текот на целата учебна година.

Само мал број од нашите ученици кои се насочени кон техничките стуки и профили, можеби во иднина ќе го одберат спортот за нивна идна професија, но поголемиот дел од нив ќе стекнат навики за здрав и квалитетен живот преку практикување на некоја спортска вештина, рече Павлов.

Тој додаде дека во тек е реконструкција и уредување на внатрешниот дел од училишниот двор до кој се доаѓа преку училишниот хол на приземјето.

Станува збор за површина од 600м/2 којашто во иднина ќе има повеќенаменска употреба како современа и модерна еко училница опремена со ИКТ опрема(компјутер, LCD проектор, аудиовизуелни уреди, простор за одржување на работни средби и состаноци на отворено, но и како пријатно катче за одмор и рекреација на вработените во училиштето и на учениците за време на одморите, посочи Павлов.

Тој забележа дека за малите, а големи нешта најбитно е да се роди идеја, а реализацијата сама по себе ја остварува целта.вдј/бт/

Back to top button
Close
Close