Дописници МКДКошаркаОпштински вестиСпорт

Гостинска победа на кошаркарките од Крива Паланка кај скопски МЗТ

Женскиот сениорски состав на кошаркарски клуб Крива Паланка оствари значајна победа на денешното гостување во Скопје против екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром во рамки на третото коло од Прва А лига жени.

Крива Паланка, 24 октомври 2021 (МИА) – Женскиот сениорски состав на кошаркарски клуб Крива Паланка оствари значајна победа на денешното гостување во Скопје против екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром во рамки на третото коло од Прва А лига жени.

Со одличен натпреварувачки ритам клубот од Крива Паланка го отворија резултатот на натпреварот со водство од седум нула по реализацијата на две последователни тројки на Божица Стоевска. Потоа домашниот состав го запре налетот на гостинките и резултатската предност постојано наизменично се менуваше на семафорот.

Во третата четвртина од мечот ниту МЗТ Аеродром не успеа да се одлепи резултатски, а истото не можеше да го оствари ниту составот на КК Крива Паланка.

Добрата тимска игра на тандемот Додевска и Алексовска во последните десет минути од дуелот резултираше со двоцифрена предност и конечна победа од 62-47 за гостинките.

Најефикасни на натпреварот беа Михаела Алексовска на бековската линија со реализирани 27 поени и центарот, Матеја Додевска, со 16 поени. На листата на стрелци се запишаа и Стоевска Божица со осум, Петровиќ Марија со шест, Ѓоргиевска Тамара со три поени и Станковска Михаела со два.

Следното, четврто, коло од Првата женска кошаркарска лига на Република Северна Македонија, КК Крива Паланка ја пречекува екипата на ЖКК Вардар, Скопје. ид/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close