Дописници МКДОпштински вести

Гореше смет, бандера и кабли за електрична енергија кај православните гробишта во Тетово

Тетовската територијална противпожарна единица околу 16 часот денеска гаснеше пожар што се појави на влезот кај православните гробишта од кај камбанаријата.

Тетово, 20 јуни 2022 (МИА) – Тетовската територијална противпожарна единица околу 16 часот денеска гаснеше пожар што се појави на влезот кај православните гробишта од кај камбанаријата.

Огнот опфатил купишта смет кои на ова место редовно се фрлаат од несовесни граѓани надвор од контејнерите, но и бандера и кабли за електрична енергија.

-Интервениравме пет пожарникари со два возила околу 40 минути. Чекавме околу 20 минути екипите на електродиструбитивната компанија да ја исклучат струјата за да може да го изгасиме огнот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово.

За време на пожарот жителите на Тетово сведочеа на голем чад, како и чести случаи на „краток спој“ на каблите. ас/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close