Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Горан Стојаноски награден за најдобра епизодна улога на фестивалот на театарот во Прилеп

Актерот Горан Стојаноски од Народниот театар од Охрид е добитник на наградата за машка епизодна улога на 55-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Охрид, 8 октомвеи 2021 (МИА) –  Актерот Горан Стојаноски од Народниот театар од Охрид е добитник на наградата за машка епизодна улога на 55-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Стојаноски наградата што го носи името на првиот професионален актер во Македонија „Димче Трајкоски“ ја добива за улогата Силвестер во претставата „Крик за љубов”  на режисерот  Љупчо Ѓоргиевски, на програмата на Охридскиот театар.

Фестибвалот „Војдан Чернодрински“ се затвора вечерва со церемонијата на свеченото доделување на наградите. аб/аа/

 

Таг
Back to top button
Close
Close