0_Македонија.ПорталВидео изјаваДописници МКДОпштински вести

Големо невреме во Делчевско

Големо невреме денеска по 19 часот го зафати градот Делчево. Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.

Делчево, 25 јуни 2022 (МИА) – Големо невреме денеска по 19 часот го зафати градот Делчево. Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.

На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели.
Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните. вс/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close