0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

Герила акција против лажните вести во Скопје: Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава.

Скопје, 14 мај 2022 (МИА) – На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава.

Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.

– АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, наведено е на едната макета.

– Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!, се порачува од друга.

– Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, гласи пораката на трета макета.

– Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!, порачуваат авторите на герила акцијата.

– За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!, гласи пораката на една од макетите од акцијата. сп/

Таг
Back to top button
Close
Close