Локални избори 2021Политички партии

Герасимовски: Центар треба да се развива и оди напред и сето тоа според планот и потребите на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски денеска порача дека Општина Центар треба да се развива и оди напред и сето тоа според планот и потребите на граѓаните. Тој во разговор со граѓаните потенцираше дека е многу важно да се излезе и гласа затоа што според него понудената програмата е реална со прецизни проекти и поради тоа со сигурност ќе ја реализира.

Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски денеска порача дека Општина Центар треба да се развива и оди напред и сето тоа според планот и потребите на граѓаните. Тој во разговор со граѓаните потенцираше дека е многу важно да се излезе и гласа затоа што според него понудената програмата е реална со прецизни проекти и поради тоа со сигурност ќе ја реализира.

-Како иден градоначалник нема да отстапам ни педа од вашиот интерес како граѓани на Центар. Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на сите проблеми во општината. Добро знам колку ви е важно отчетно и транспарентно работење и затоа сите одлуки ќе ги носиме заедно, истакна Герасимовски.

Тој при разговор со граѓаните кажа дека Општина Центар е лулка на демократијата и тоа на овие избори треба да се потврди.

Притоа, нагласи дека Општина Центар не смее да се враќа назад и оти е сигурен дека тоа граѓаните нема да го дозволат.

-Ве повикувам сите вие кои во првиот круг од било кои причини решивте да не гласате да го направите тоа во вториот круг. Од вашиот глас зависи во каква општина ќе живееме. Изборот е јасен, бираме дали сакаме демократска власт која слуша и одговорно владее или пак власт која докажано работеше спротивно интересите на граѓаните, им рече Герасимовски на сограѓаните во Општина Центар.свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close