Локални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Герасимовски: Финансиска поддршка за младинските идеи и грантови за отворање мали бизниси

Преку грантови за отворање мали бизниси општината ќе дава поддршка за самовработување. Така ќе допринесеме за намалување на младинската невработеност но и нови бизниси за развој на економијата.

Скопје, 24 октомври 2021

Младите носат нови идеи за модерно општество, оттука општина Центар ги сака и очекува нивна поголема вклученост при креирање и донесување на нови проекти во општината.

Во програмата за следните четири години предвидена е финансиска поддршка за младите со цел да се поттикне и разбуди нивната проактивност, иновативност и креативност. Исто така од буџетот на општината во следниот период ќе се издвојува 0.1 отсто за реализирање на младинските идеи и нови проекти.

Преку грантови за отворање мали бизниси општината ќе дава поддршка за самовработување. Така ќе допринесеме за намалување на младинската невработеност но и нови бизниси за развој на економијата.

За поголема мобилност општината планира субвенционирање на еколошки превоз велосипеди и тротинети за младите до 29 години но и зголемување на стипендиите.

Бројката од сегашните 60 ученички стипендии ќе се зголеми и ќе се доделуваат стипендии за ученици од семејства во социјален ризик како и еднородителски семејства.

За нас особено се важни овие стипендии затоа што независно од материјалната состојба создаваат еднаква шанса за развој на сопствениот целосен потенцијал кај младите.

Младите се иднината на нашата држава затоа вложувањето во нив е вложување во подобро утре за сите.

Горан Герасимовски – Кандидат за градоначалник за општина Центар од СДСМ

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close