Локални избори 2021Политички партии

Герасимовски: Финансиска поддршка за здруженијата за стерилизација и кастрација на бездомните животни

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски денеска оствари средба со здруженијата Шепасти Ентузијасти, Кане Корзо Надеж и Поддршка од Дејзи Фемили на која најави финансиска поддршка за здруженијата, за стерилизација или кастрација на бездомните животни на територија на општината.

Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски денеска оствари средба со здруженијата Шепасти Ентузијасти, Кане Корзо Надеж и Поддршка од Дејзи Фемили на која најави финансиска поддршка за здруженијата, за стерилизација или кастрација на бездомните животни на територија на општината.

-Општината во следниот период ќе посвети сериозно внимание на поставување нови паркови за миленици, но и одржување на постоечките. Исто така на повеќе локации низ општината ќе бидат поставени обележани корпи за отпадоци наменети за домашни миленици покрај кои ќе има и кесички со цел одржување подобра јавна хигиена на општината, се вели во соопштението.

Ова се спроведува се со цел улиците, парковите, јавните пешачки патеки, затворените места и специјализираните паркови за забава на миленици да останат чисти. ки/дма/

Back to top button
Close
Close