Општински вестиСкопје

Герасимовски: Пристап до квалитетна и здрава храна со поддршка на малите производители

Поддршката на локалните мали производители на храна е исклучително важна, а крајната цел е да се овозможи пристап до квалитетна и здрава прехрана, лесно достапна за сите луѓе. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, и во иднина ќе продолжиме со давање поддршка на корисни проекти и идеи од кои граѓаните ќе имаат вистински придобивки, а воедно ќе можат да научат повеќе околу начините за поздрава и правилна исхрана, изјави  градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Скопје, 2 јули 2022 (МИА) – Поддршката на локалните мали производители на храна е исклучително важна, а крајната цел е да се овозможи пристап до квалитетна и здрава прехрана, лесно достапна за сите луѓе. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, и во иднина ќе продолжиме со давање поддршка на корисни проекти и идеи од кои граѓаните ќе имаат вистински придобивки, а воедно ќе можат да научат повеќе околу начините за поздрава и правилна исхрана, изјави  градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присустуваше на Фестивалот на биодиверзитет во Паркот на Франкофонија.

Герасимовски им се заблагодари на организаторите „Слоу фуд Водно“ и „ Слоу фуд Македонија“, задолжени за организацијата затоа што, како што рече, неуморно наоѓаат начини за промоција и афирмација на здравиот и правилен начин на исхрана.

-Секој граѓанин заслужува пристап до здрава, чиста и еколошка исхрана и задачата на сите локални самоуправи е да направат сѐ што е во нивна моќ тоа да стане правило, а не исклучок, додаде Герасимовски.

На настанот присуствуваа и граѓани кои имаа можност да слушнат важни информации за слоу фуд исхраната и уживаа во дегустацијата на приготвените кулинарски специјалитети, соопшти Општина Центар. хс/цр/

Таг
Back to top button
Close
Close