Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Георгиески: Охрид добива уште една современа сообраќајна артерија

Кандидатот на СДСМ за иден мандат и актуелен градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, денеска преку социјалните мрежи презентира дел од сработеното во неговиот двиполгодишен мандат.

Охрид, 26 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот на СДСМ за иден мандат и актуелен градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, денеска преку социјалните мрежи презентира дел од сработеното во неговиот двиполгодишен мандат.

Георгиески посочи на спроведената реконструкција на улицата „Јане Сандански“, како сообраќајница според сите современи стандарди, со хоризонтална сигнализација, обележани велосипедски патеки од двете страни на коловозот и предвидено поставување соодветна вертикална сигнализација.

-Со овие активности целосно се комплетира проектот за реконструкцијата на оваа важна сообраќајница во Охрид. Вредноста на инвестицијата е околу 33 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша Георгиески. аб/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close