Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Георгиески: Заврши целосната реконструкција на улицата „Јане Сандански“, нашата работа е видлива на дело

Со поставувањето втор слој асфалт на коловозот денеска заврши целосната реконструкција на улицата „Јане Сандански“, една од најфреквентните сообраќајници во Охрид.

Охрид, 21 октомври 2021 (МИА) – Со поставувањето втор слој асфалт на коловозот денеска заврши целосната реконструкција на улицата „Јане Сандански“, една од најфреквентните сообраќајници во Охрид.

Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид на СДСМ, истакна дека улицата доби комплетно нов лик, а Охрид уште една уредена и безбедна сообраќајница.

-Со правилен менаџмент и домаќинска распределба на средствата, направивме сериозни капитални инвестиции во инфраструктурата. Нашата работа е видлива на дело! Имаме план и проекти за уште повеќе инвестиции со кои Охрид ќе добие подобри услови во сите сегменти на општественото живеење“, истакна Георгиески на својот фејсбук профил.

Тој уште посочи дека со проектот вреден 33 милиони денари е поставена нова водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии со вкупна должина од 1.200 метри, нова фекална канализација во должина од 400 метри, нова атмосферска канализација, нови тротоари и велосипедски патеки, а оформени се локации за паркирање возила, две автобуски постојки и две локации за такси превозници. Притоа уредена е зелена површина и нов дрворед со ново улично осветлување.

-Продолжуваме да работиме за интересите на Охрид и да реализираме проекти кои се од големо значење за граѓаните, вели Георгиески. аб/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close