Дописници МКДОпштински вести

Гевгеличани не ги забораваат сограѓаните Евреи кои настрадаа во холокаустот

Со должна чест, гевгеличани денеска, по повод Меѓународниот ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид, им оддадоа почит на своите 14 сограѓани Евреи со ветување дека секогаш ќе се залагаат во борбата против омразата и антисемитизмот.

Гевгелија, 27 јануари 2022 (МИА) – Со должна чест, гевгеличани денеска, по повод Меѓународниот ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид, им оддадоа почит на своите 14 сограѓани Евреи со ветување дека секогаш ќе се залагаат во борбата против омразата и антисемитизмот.

По изградбата на пругата Скопје – Солун, Евреите во Гевгелија се населиле во 80 години од 19 век. Биле познати трговци и нивните куќи за живеење и дуќаните ги граделе долж главната улица во градот, познатата „од станица до граница“.

Најпознати меѓу нив биле еврејските семејства Бразилај и Ишула, кои во Гевгелија опстојувале до, за нив кобниот ден 11 март 1943 година, кога биле собрани од фашистичкиот окупатор и транспортирани во логорот „Треблинка“ во Полска.

На зградата на поранешната аптека, во октомври 2000 година, била поставена спомен-плочата со имињата на депотрираните Евреи од Гевгелија. им/дма/

Back to top button
Close
Close