Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Гевгелиските основни училишта добиваат нови наставни средства за природни науки

Основните училишта од општина Гевгелија, од кои две се наоѓаат во градот и по едно во населените места Негорци и Миравци, од Министертвото за образование и наука ќе добијат нови наставни средства што им се потребни за реализација на наставата од областа на природните науки.

Гевгелија,1 декември 2021 (МИА) – Основните училишта од општина Гевгелија, од кои две се наоѓаат во градот и по едно во населените места Негорци и Миравци, од Министертвото за образование и наука ќе добијат нови наставни средства што им се потребни за реализација на наставата од областа на природните науки.

Доставата на наставните средства од страна на ресорното министерство ќе се врши етапно во периодот од 29 ноември до почетокот на месец март, потврдија денеска од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

Од основното училиште ,,Владо Кантарџиев“ од Гевгелија денеска информираа дека кај нив веќе пристигнала првата достава на дел од наставните средства кои во наведениот временски интервал ќе им бидат испорачани и на останатите основни училишта на територијата на општина Гевгелија, со цел да се унапреди образовниот процес при изучувањето на природните науки. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close