Дописници МКДОпштински вести

Гевгелискиот совет го усвои кварталниот извештај за реализација на општинскиот буџет

Новоизбраниот претседател, д-р Патрик Матх, раководеше со првата работна седница на гевгелискиот совет на која беше усвоен кварталниот извештај за реализација на општинскиот буџет во изминативе девет месеци од годината како и одлуката за негов ребаланс.

Гевгелија,16 ноември 2021(МИА) – Новоизбраниот претседател, д-р Патрик Матх, раководеше со првата работна седница на гевгелискиот совет на која беше усвоен кварталниот извештај за реализација на општинскиот буџет во изминативе девет месеци од годината како и одлуката за негов ребаланс.

Во извештајниот период,од вкупно проектираните 541,6 милиони денари биле реализирани приходи во износ од 334,1 милиони денари или 61,69 отсто, од кои 320,2 милиони денари биле оперативни приходи, а околу 14 милиони денари се капитални приходи.

Според усвоениот ребаланс на буџетот се врши негово зголемување за 2021 година за околу 30,8 милиони денари или 5,6 отсто од проектираниот износ на буџетот. Дел од овие средства, околу 30 отсто, ќе ја зголемат ставката на даночните приходи,неданочните приходи ќе се зголемат за околу 5 отсто, капиталните приходи ќе е зголемат со 6,37 проценти, а трансферите и донациите ќе пораснат за околу 59 отсто.им/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close