0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Гвардиола: Манчестер сити може да биде подобар

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола даде свое видување по денешната победа над Манчестер јунајтед (6:3) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата.

Манчетсер, 2 октомври 2022 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола даде свое видување по денешната победа над Манчестер јунајтед (6:3) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата.

– Бевме продуктивни и постигнувавме голови, но сепак губевме топки, правевме грешки. Треба да се подобриме. Не сме доволно добри во едноставни работи. Овој тим дефинитивно може да биде уште подобар, изјави Гвардиола за „Скај спортс“.

Сити има 20 бодови и останува на второто место во поредокот, со само бод помалку од лидерот Арсенал (21 бод).

Манчестер јунајтед е на шестото место со 12 бодови.

Во следното коло „граѓаните“ ќе играат против Саутемптон на 8 октомври. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close