0_Магазин.ПорталМагазинСцена

Второ издание на „Дојран рок фест“

Фестивалот ќе се одржи кај базенот на Хотел „Романтик“ во Стар Дојран, а ќе стартува вечер со настап на групата „Ареа“, која оваа година прославува 30-годишен јубилеј.

Скопје, 6 август 2022 (МИА) – Во Стар Дојран вечер почнува второто издание на „Дојран рок фест“ што го организира здружението „Андерфест“.

Фестивалот ќе се одржи кај базенот на Хотел „Романтик“ во Стар Дојран, а ќе стартува вечер со настап на групата „Ареа“, која оваа година прославува 30-годишен јубилеј.

Тие ќе ги отсвират нивните вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе бидат Јовче Пандев со неговиот бенд, како и Sound Impulse, соопштија организаторите на фестивалот.

Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.

 

Back to top button
Close
Close