Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Штип традиционално Светиот крст се фрли на две локации во Брегалница

Во Штип и годинава Светиот крст се фрлаше во водите на реката Брегалница и тоа на две локалции. Во штипско Ново Село трет пат го фати 31 годишниот Антонио Станков, а во населбата „Осми Ноември“ кај камениот мост го фати 18 годишниот Дарио Димитров, за кого ова е прва среќа.

Штип, 19 јануари 2022 (МИА) – Во Штип и годинава Светиот крст се фрлаше во водите на реката Брегалница и тоа на две локалции. Во штипско Ново Село трет пат го фати 31 годишниот Антонио Станков, а во населбата „Осми Ноември“ кај камениот мост го фати 18 годишниот Дарио Димитров, за кого ова е прва среќа.

– Скокам повеќе пати, но ова ми трет пат какошто го фаќам. Посакувам здравје, среќа на сите. Чувството е прекрасно и посакувам на сите што скокаат по крстот да го фатат. Во моментов не сум вработен, но прво посакувам пред се здравје, а потоа се друго,вели Станков, кој го фати Светиот крст во Ново Село.

Свештениците порачаа да се спасиме, како што велат, од пеколната болест, а Светиот крст во водите на Брегалница се фрла по една година пауза поради здравствените мерки.

Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека му е мило што се враќа традицијата на овој голем празник.

-Им посакувам на сите оние кои влегоа во водите на реката Брегалница, како и на жителите на Општина Штип многу здравје, среќа, бериќет и успех и Бог се јави, вели Јорданов.

Голем број верници утринава присуствуваа на настанот по повод големиот празник Богојавление- Водици. Над 60 верници скокнаа по Светиот крст и на двете места. Ова е втора година по ред како овој празник се празнува во време на пандемија, но за разлика од минатата година, оваа година традицијата продолжи.вдј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close