Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Во Штип до 11 часот излезност од 14,30 проценти

Во гласачките места во центарот на Штип околу пладне имаше поголема гужва и се создадоа колони од граѓани, кои чекаа да го исполнат своето право на глас.

Штип, 17 октомври 2021 (МИА) – Во гласачките места во центарот на Штип околу пладне имаше поголема гужва и се создадоа колони од граѓани, кои чекаа да го исполнат своето право на глас.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип, Виктор Вацев информираше дека последните податоци до 11 часот покажуваат оти излезноста на граѓаните на гласачките места е 14,30 проценти, а во моментов членовите на Комисијата ги собираат и новите податоци за излезноста на гласачите.

Посочи дека гласањето тече мирно, проблемите со апаратите за отпечаток од прст се надминуваат.

-Минимален е процентот на граѓани, на кои апаратите не им го покажуваат отпечатокот од прст, меѓутоа ваквите проблеми ги решаваат избирачките одбори со лична карта или на стариот начин со спреј и отпечаток од прст и на избирачкиот список. Досега ниту еден граѓанин не е вратен од избирачкото место, додаде Вацев.

Во Штип право на глас имаат 42.045 граѓани, а се гласа на 80 избирачки места.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close