Дописници МКДОпштински вести

Во Штип дебата за граѓаните кои се соочуваат со сиромаштија

Македонската платформа за сиромаштија под мотото „Секој од нас е гласот на заедницата. Искуство на најтивките, најгласно зборува“, организира серија на регионални средби со невладиниот сектор, општините, експертите и институциите. Во Општина Штип денеска на оваа тема дебатираа сите чинители.

Штип, 11 ноември 2021 (МИА) – Македонската платформа за сиромаштија под мотото „Секој од нас е гласот на заедницата. Искуство на најтивките, најгласно зборува“, организира серија на регионални средби со невладиниот сектор, општините, експертите и институциите. Во Општина Штип денеска на оваа тема дебатираа сите чинители.

Билјана Дуковска претседателка на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) вели дека целта и е да обезбедат простор за отворена дискусија, меѓусебно запознавање и заедничко планирање на политики засновани на докази.

– Пандемијата и кризата која таа ја предизвика на светско ниво најсериозно ги погоди луѓето кои се соочуваат со сиромаштија. Токму оваа работна средба е конкретна можност за нив директно да ги изразат своите искуства, грижи, проблеми и препораки пред оние од кои зависат политиките, вели Дуковска.

Прашана дали јазот меѓу богатите и сиромашните е продлабочен со пандемијата и зголемувањето на цените на основните прехрамбени производи, Дуковска со потврден одговор и дека тој јаз се чувствува посебно изминатата година со порастот на цените, но и со зголемувањето на невработеноста, поради пандемијата. Смета дека новите статистички бројки, кои ги очекуваат на крајот на годината за 2020 година ќе покажата дека е зголемен бројот на сиромашни граѓани. Податоците на Евростат покажаа дека во 2019 година 35 посто од населението живее во ризик на сиромаштија или секој трет македонски граѓанин не можел да го затопли домот, како што сакал, да има нормална трпеза, а не ни помислил да оди пет дена на годишен одмор. Според неа проблемите мора да се решаваат системски и државата да работи на зголемување на опфатот на пазарот на труд и зголемување на вработеноста.

Сашо Јованов, национален координатор на лица со искуство од сиромаштија посочи дека пред кризата истокот беше најсиромашен регион. Иселувањето, но и отпуштањето на работниците од текстилниот и чевларскиот сектор ја влошуваат состојбата. Забележа дека немањето на пари го намалува и квалитетот на живот на граѓаните, односно немаат можност на пример да имаат интернет и информации за да полесно дојдат до работно место.

Ерол Адемов претставник од Општина Штип смета дека локалната заедница може да помогне и тоа преку локалниот социјален совет и низа други алатки, но и мерки. вдј/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close