Дописници МКДОпштински вести

Во Штип вакцинирани 375 граѓани

Во штипскиот вакцинален пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ денеска се имунизирани 375 граѓани.

Штип, 25 октомври 2021 (МИА) – Во штипскиот вакцинален пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ денеска се имунизирани 375 граѓани.

Дијана Коцева-Миланова, координатор на вакциналниот пункт, вели дека 95 отсто од пациентите примиле третата доза вакцина. Забележува дека останатите пет отсто од граѓаните биле за ревакцина, а мал е бројот на граѓани кои примиле прва доза вакцина против Ковид-19, но тоа се должи и на високиот процент имунизирани граѓани, кој е и над државниот просек.

-Вакциналниот пункт со вакцинација почнува од 7.30 часот до 15 часот. Денеска за разлика од претходните денови имунизацијата течеше побрзо. Сметаме дека засега со тимот од двајца лекари, четири медицински сестри и двајца администратори можеме да одговориме на граѓаните, вели Коцева-Миланова.

Посочи дека иако претходно размислувале за поголем простор, сепак донеле одлука дека и овој простор е задоволувачки. Коцева-Миланова најави дека од 1 ноември почнуваат со систематските прегледи на учениците од штипските и карбинските училишта, а кои лани беа стопирани поради пандемијата и здравствените мерки. вдј/рп/

 

 

Back to top button
Close
Close