Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во штипскиот регион вакцина против сезонски грип примиле 1.662 пациенти

Голем интерес има за вакцината против сезонскиот грип во штипскиот регион, покажуваат бројките на Центарот за јавно здравје-Штип. Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова за МИА вели дека преку „Мој термин“ вакцина против сезонскиот грип примиле 1.572 граѓани, додека 90 кои не се во ризичните групи си ја платиле вакцината.

Штип, 29 ноември 2021 (МИА) – Голем интерес има за вакцината против сезонскиот грип во штипскиот регион, покажуваат бројките на Центарот за јавно здравје-Штип. Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова за МИА вели дека преку „Мој термин“ вакцина против сезонскиот грип примиле 1.572 граѓани, додека 90 кои не се во ризичните групи си ја платиле вакцината.

– Вакцини против сезонскиот грип имаме и постојано ни се испорачуваат. Од овие бројки можат дека интересот за заштита од сезонскиот грип е голем, вели Димитрова.

Таа посочува дека деновиве имаат и намален број тестирања за коронавирусот, а тоа им се гледа и низ бројот на активни случаи, кои постепено се намалува. Вкупниот број на заразени со коронавирусот се 192, додека во училиштата имаат само десет ученици позитивни на овој вирус. Димитрова забележува дека во штипскиот регион останува најголем број од случаите да се на возраст од над 60 години.  Драстично е намален и бројот на хоспитализирани во штипскиот ковид центар за разлика од пред десет дена. Во моментов се лекуваат вкупно 36, но 32 се на кислородна поддршка. Слободни места има за вкупно 34 пациенти. вдј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close