Дописници МКДОпштински вести

Во штипскиот Ковид центар хоспитализирани 51 пациент

Во штипската модуларна болница на болничко лекување се 42 пациенти, од кои 36 се на кислородна поддршка.

Штип, 20 октомври 2021 (МИА) – Во штипската модуларна болница на болничко лекување се 42 пациенти, од кои 36 се на кислородна поддршка. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека и деветмина пациенти со полесна клиничка слика и на кои состојбата им е стабилизирана се хоспитализирани на Кожното одделение. Од 51 лице кои добиваат болнички третман во штипскиот Ковид центар 14 пациенти се вакцинирани.

Во вакционалниот пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ без проблеми тече имунизацијата на населението, таму секојдневно за прва доза доаѓаат околу 50 пациенти, а од вакцините кои им се на располагање на пациентите дефинитивно фаворит им е „Фајзер“.

Во штипските основни и средни училишта тече процесот на собирање на согласност од родителите за скринингот на учениците, информира Билјана Казанџиска раководител на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип. вдј/ир

Back to top button
Close
Close